Таа го поминува периодот на светската здравствена криза во Хемптонс.
И се чини дека Ума Турман ја пронајде љубовта за време на самоизилацијата.
Според „Пејџ сикс“, актерката (50) започнала врска со архитектот Питер Сабет, чијашто фирма е со седиште во Бриџхемптон.
Ѕвездата на блокбастерот „Убиј го Бил“ (Kill Bill), како што наведува порталот, се запознала со Сабет на плажа во Сег Харбор.
„Питер не знаеше дека е Ума кога за првпат ѝ се обрати. Таа шеташе на плажа … и ја замоли да го гледа неговото куче додека плива,“ тврди извор за порталот.
„Ума рече океј, го пазеше неговото куче додека тој плива, а сега, неколку месеци подоцна, тие се лудо вљубени и бараат да купат куќа заедно во Хемптонс“, додаде изворот.