Според најновите владини податоци, Велика Британија регистрира 24.701 нов случај на коронавирус и 310 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Бројот на нови случаи се зголеми во споредба со вчерашниот ден кога имаше 22.885, додека бројот на смртни случаи е помал во споредба со вчерашните 367.
Од почетокот на пандемијата во Британија се регистрирани 942.275 случаи на коронавирус, од кои 45.675 луѓе починале.