Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден и неговата сопруга Џил денеска гласаа на изборите, придружувајќи им се на 74 милиони Американци кои го искористија предвременото гласање.
Бајден гласаше во зградата на Државната канцеларија Карвел во неговиот роден град Вилмингтон, во државата Делавер.
Како што пренесуваат американските медиуми, се очекува Бајден лесно да победи во Делавер.
Неговиот противник, претставникот на Републиканците и сегашен претседател Доналд Трамп гласаше во саботата во јавна библиотека спроти еден од неговите голф-клубови во државата Флорида.
Изборите во САД се на 3 ноември.