Англискиот првак Ливерпул стигна до втората победа во групната фаза во ЛШ, откако вечерва славеше со 2-0 на „Енфилд“ против дански Митјиланд.
„Црвените“ дојдоа во водство преку Португалецот Диого Жота во 55 минута,а конечните 2-0 ги постави Салах од пенал во судиското продолжение.
Во истата група вечерва, Аталанта се врати од негатива од 0-2 и извлече бод против Ајакс со двата гола на Запата во вториот дел.