Во Швајцарија денеска се засилени епидемиските мерки со цел да се спречи натамошното ширење на нови случаи на Ковид-19.
Како што пренесуваат странските агенции, новите мерки вклучуваат затворање дискотеки од утре, прекинување на универзитетските часови од почетокот на ноември и нови ограничувања на спортските настани и патувања.
Владата во Берн соопшти дека старите и новите ќе бидат воведени на неодредено време.