Приоритетите во новата Програма за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, во рамки на ИПА III програмскиот период 2021-2027 година, ќе биде темата на која ќе разговараат на денешната средба министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој е во работна посета на Република Албанија, и заменикот министер за Европа и надворешни работи, Сокол Дедја.
Како што е најавено од Министерството за локална самоуправа, на средбата ќе се разговара за искуствата од досегашната имплементација на ИПА II и за потенцијалните стратешки проекти кои би се финансирале со средства од предпристапните фондови на Европската Унија, наменети за прекугранична соработка, во следниот програмски период до 2027 година.