Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието.од 27 април 2017 година.
Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на обвинетите Спиро Ристовски и Трајко Вељаноски, кои беа во самоизолација, поради корона вирусот.
Неизвесно е и денешното продолжени бидејќи во самоизолација е уште еден од обвинетите, Миле Јанкиески.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.
Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.