(Фото) По улогата на Косара во „Преспав“, Тамара Тодевска повторно глуми на филм, но овој пат е брутална со оружје во рацете

Пејачката Тамара Тодевска за разлика од повеќето свои колеги пред да се воведат строгите мерки за музички настапи поради коронавирусот, таа имаше доста настапи најчесто во Скопје.

Сега паузата од настапи и забава е непознато до кога ќе трае, па Тамара наместо на пеење, се префрли на глума.

Имено, таа на својот Инсатграм откри дека е дел од снимањето на нов македонски филм под наслов „Black ops“ каде ја игра улогата на Бела во брутално издание со оружје во рацете.

Освен Тамара на филмот ќе се појави и младиот македонски рапер Таско – барем засега е познато само за нив.

 

За потсетување, пред нешто повеќе од година ипол, Тамара Тодевска за првпат се проба во глумата во улога на пејачката Косара во серијалот „Преспав“.

Преземено од Вистина.мк

Треба да знаете
Последни објави