Да ги расчистиме сите дилеми – нема нов договор, нема нов анекс на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на македонскиот јазик, Арсовски појасни дека тој е точно заведен токму во овој Договор и додаде оти таму не постојат дилеми.
-Во однос на историјата, тоа е работа на Комисијата за историски прашања која според она што го гледаме деновиве ја интензивира работата, рече владиниот портарол.