Брисел ќе им дозволи на своите сојузници кои не се членки на ЕУ, Велика Британија и САД, да учествуваат во идните воени проекти, но само повремено.
Тројца европски дипломати за некои светски агенции потврдиле дека со одлуката е решена долгогодишната „сага” околу тоа дали Велика Британија, која ја напушти ЕУ, може да учествува во новиот европски договор за одбрана познат како Постојана структурна соработка или ПЕСКО.