Нов пристап во Карпош за локален одговор на ковид 19

Големиот број на случаи на заболени во Општина Карпош бара интензивирање на активностите и нов пристап на локален одговор на заканите. Утринава, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ги прифати предлозите на тимот при општината, во кој учествуваше  и претставникот од граѓанската организација Центарот за добро владеење и интегритет, Заге Филипоски. На координацијата се утврдија конкретни мерки, за локален пристап во борбата со  коронавирусот.      -Нашите анализи укажуваат дека најголем број на носители на вирусот КОВИД-19 се младите луѓе, кои пренесуваат на своите блиски роднини и пријатели. Како општина и како граѓани работиме да изнајдеме најефикасен начин да ги прекинеме линиите за пренос на болеста. Да изнајдеме алтернативни мерки , за да се даде поефикасен локален одговор, рече Богоев.

Преку програмата на „ЦИВИКА МОБИЛИТАС“, ќе се спроведе проектот за зголемување на капацитетите на членовите на Општинскиот кризен штаб.

-Како граѓани не можеме да останеме рамнодушни и да очекуваме институциите самостојно да се изборат со кризата. Треба да преземеме дел од одговорноста. Во таа насока оваа соработката со оОштина Карпош претставува голем предизвик за соодветен граѓански одговор на кризата предизвикана од КОВИД-19. Лично сметам дека животот може и треба да продолжи по нормалниот колосек, а секој од нас да преземе дел од одговорноста, и да се однесуваме одговорно и кон себе и кон другите. Многу е едноставно, додека ги обавуваме секојдневните активности, да држиме дистанца и да користиме заштитни маски и дезинфикација, а Општината ќе ни помогне со организација и координација. Личната одговорност и почит кон другите не може никој да ни ја замени, истакна Филипоски.

Локалната самоуправа и тековно во изминатиот период соработуваше со сите локални чинители: граѓани, граѓански организации, стопански субјекти, заедници на сопственици и слично. Сепак, во периодот што претстои неопходно е да се интензивира оваа комуникација, со цел континуирано спечување на ширење на вирусот.

Од почетокот на пандемијата вложувавме во дезинфекција на јавни површини, улици, игралишта и платоа, каде што има зголемена фреквенција на граѓани. Од јуни, се оранизираа и маалски патроли за информирање на граѓаните, а беа поделени и 3.000 заштитни маски за населбите во кои живеат поголем број на социјално – загрозени граѓани. Обезбедивме поддршка и за училиштата, а со последниот реабаланс на Буџет се зголемија средствата за дезинфекција и ИТ опрема за наставниот кадар.

Следете ја веб страната на Општина Карпош ( www.karpos.gov.mk ), за континуирано да се информирате за новитеопштински препораки и активности во борбата со Ковид – 19. Цивикамобилитас е програманаШвајцарскатаагенцијазаразвој и соработка (СДЦ) заподдршканаграѓанскотоопштествовоМакедонија, којајаспроведуваат НИРАС одДанска, Македонскиотцентарзамеѓународнасоработка (МЦМС) и ФЦГ одШведска. Целтанапрограмата е општественитепроменивоСевернаМакедонијадабидатпоттикнатиодсиленграѓанскисектор, активниграѓани и добрасоработкасовластите, шторезултирасопотранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивноуправувањекаконацентрално, така и налокалнониво.

 

Треба да знаете
Последни објави