Машката ракометна репрезентација на Македонија од понеделник ќе почне со подготвките за квалификацискиот двомеч од ЕП-2022 со Финска како домаќин на 4 ноември и три дена подоцна со Швајцарија на гости. Селекторот на македонскиот државен тим Данило Брестовац поширокиот список од 35 ракометари, денеска го скрати на 19 играчи, а меѓунив ги нема искусните и стандардни репрезентативци Борко Ристовски и Гоце Георгиевски.
За ваквото изненадување Брестовац вели дека никој не е отпишан. Можни се промени во списокот бидејќи со пандемијата од коронавирусот се може да се смени за час. не е исклучена можноста да бидат упатени дополнителни покани.
Ристовски е повреден и мора да оди на терапија во следните десетина дена, но ако има потреба ќе помогне. На голманската позиција остануваат триото Митревски, Кизиќ и Томовски.