ВМРО-ДПМНЕ не дозволи да се нарушува приватноста на граѓаните, власта е неспособна и не може да направи еден закон

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Сашко Николов

„СДСМ продолжува со манипулациите, Филипче најавуваше мерки на пресови кои не беа ни дел од законот кој го достави до Собранието. Мерките не само што не беа дел од новиот Закон за заштита на населението од заразни болести, па парламетарното мнозинство истите ги достави како амандмани, најнеспособниот министер за здравство претходно ги имаше најавено на своите прес конференции.

СДСМ и оваа Влада за жал на граѓаните е толку многу неспособна што дури ниту еден комплетен закон не можат да подготват за заштита на граѓаните, па им требаше повеќе од 28 дена да смислат амандмани. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Венко Филипче треба итно да си даде оставка, заради тоа што дозволи највисока стапка на смртност во регионот и неговото справување со  пандемијата кое е катастрофално.

Под итно е потребна експертска комисија за заразни болести која нема да се занимава со политиканство и партиските агенди на власта, туку вистински ќе делува во насока на заштита на здравјето на населението. Парламентарното мнозинство на СДСМ беше спремно да протне противуставни мерки како нарушувањето на приватноста на домовите на граѓаните, на штета на уставните права на граѓаните во земјава, а ВМРО-ДПМНЕ не дозволи  да се врши неконтролиран упад во домовите.

Без ВМРО-ДПМНЕ и спортистите и децата до шест години, и во угостителските објекти, и во приватни автомобили, граѓаните ќе носеа маски и кога се сами, заради неспособноста власт. Наместо да се фали со мерките СДСМ да ја погледне реалноста во Македонија, во која заради нивниот неспособен министер само за неполн месец има над 10.000 заболени  и  244  починати лица.

 

Треба да знаете
Последни објави