Во Чешка се намалува бројот на новозаразени лица така што во последните 24 часа се регистрирани 12.977 нови случаи, а 128 лица починаа.
Денешниот биланс на новозаразени е за три илјади помалку од претходниот ден.
Податоците на чешкото Министерство за здравство покажуваат дека бројот на заразени се зголемил на 297.013, а бројот на смртни случаи се искачил на 2.675.
Според Ројтерс, Чешка се соочува со најбрза стапка на инфекција во Европа во последните две недели. Во таа земја пред два дена е воведен полициски час.