Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе до ОЈО Свети Николе поднесе кривична пријава против Ј.Ѓ. (46) од с.Каратманово, Лозово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ вршење на јавен превоз без поседување на лиценца “ На 21.10.2020 пријавениот вршел јавен превоз без да поседува лиценца издадена од Министерството за транспорт и врски на огревно дрво со товарно моторно возило на релација с.Крушица-с.Каратманово.