Лидерите на ЕУ во заедничката изјава ги осудија нападите што се случија денеска во Франција, наведувајќи дека се работи за напади врз заедничките европски вредности. – Ние, европските лидери, сме шокирани и тажни поради терористичките напади во Франција, се вели во писмената изјава на Европскиот совет. Лидерите на ЕУ27 нагласуваат дека се обединети и солидарни со Франција, нејзиниот народ и Владата, во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам. – Ги повикуваме лидерите ширум светот да работат на дијалог и разбирање, а не на поделби меѓу заедниците и религиите, се вели во соопштението.