Независниот академски синдикат (НАкС) задутре, 31 октомври, ќе одржи втор конгрес, онлајн поради пандемијата, со кој ќе заокружи четири години од работењето на синдикатот.
– Во овие четири години се боревме да ги подобриме условите во високото образование и науката, иницирајќи дискусија за проблемите и застапувајќи долгорочни решенија, соопти НАкС.
Во фокусот на работа во изминатиот период ги наведува изработка на анализа на универзитетската автономија, изработка на анализи за финансирањето на универзитетите, научните институти и платите на академскиот кадар во државата. , изработка на нацрт-колективен договор и директно застапување на правата и интересите
на академската заедница пред институциите.
НАкС соопшти дека во наредниот период ќе се залага да биде дел од создавањето на новиот Закон за научно-истражувачката дејност, при што е подготвен, како што наведува, да понуди квалитетни решенија и политики базирани на анализи.
-Ги повикуваме колегите, професорите, научните и наставните работници и
административниот кадар да се вклучат во синдикалното организирање и заедно да се застапуваме за подобри работнички права, поквалитетно образование и поразвиена наука, соопшти НАкС во пресрет на задутрешниот онлајн-конгрес.