Хју Грант има најсурова идеја за продолжение на ромaнтичната комедија од 1999 година.
Тој би снимал втор дел на „Нотинг Хил“ за да докаже дека ром-комиците се ужасна лага и дека нема среќен крај.
Во класикот од 1999 година, Грант го глуми сопственикот на книжарница во Лондон, Вил Такер, кој се вљубува во познатата холивудска актерка Ана Скот, која ја глуми Џулија Робертс.
Двојката би требало да се венча и да основа семејство, но ѕвездата на „Дневникот на Бриџит Џонс“ ги предупреди фановите дека би се согласил да направи продолжение само ако настанат проблеми и работите тргнат на лошо во врската или во бракот.
Во емисија на „ХБО“ за промоција на новата мини-серија „Undoing“ со Никол Кидман, тој рече: Би сакал да има продолжение на една романтична комедија што ќе покаже што се случило по завршувањето на тие филмови.