Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека денеска поради дефект неколку улици во Кисела Вода ќе останат без вода. Дефектот е на улицата „Киро Фетак“ 1/11, а без вода ќе бидат дел од корисниците на ова улица како и од улиците: „Малешевска“, „Славка Динкова“, „Коперникова“ и „Румена Хаџипанзова“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 до завршување со активностите.