Голманот Борко Ристовски и крилото Гоце Георгиевски нема да бидат дел од македонската ракометна репрезентација за квалифиакциските натпреаври од ЕП-2022 со Финска и Швајцарија. Вака одлучи македонскиот селектор Данило Брестовац која поширокиот список со 35 кандидати го редуцира на 19.
Кога станува збор за голманската позиција предност пред искусниот 38-годишен чувар на мрежата Ристовски добија Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ.
Првиот квалификациски натпревар македонските ракометари ќе го одиграат како домаќини в среда на 4 ноемеври против Финска, а три дена подоцна, на 7 ноември во Цуг ќе и гостуваат на Швајцарија.
На списокот со играчи кои остануваат во комбинација за овој квалифиакциски двомеч се: