Полицијата во Филаделфија синоќа открила комбе полно со експлозив, факели и плински боци, објавија денеска американските медиуми без да прецизираат кој е сопственикот на фургонот и дали е придведен некој.
Филаделфија е во состојба на зголемена готовост по убиството на Афроамериканецот Волтер Волeс помладиот од страна на полицајци за време на обид за негово апсење во понеделникот попладне. Волес во раката држел нож.
Убиството предизвика протести, првин мирни за потоа да станат насилни со безредија во кои беа уапсени повеќе од 170 лица.
Во Филаделфија моментално е воведен полициски час, а за зачувавање на редот во градот на испомош беа мобилизирани неколку стотици припадници на Националната гарда на Пенсилванија.