„Предизвиците во третманот и лекувањето на ракот на дојка за време на КОВИД 19″ е темата на 13. национална конференција за рак на дојка што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението за борба против рак “БОРКА – За секој нов ден”, кое и оваа година го одбележува Светскиот месец за борба против ракот на дојка.
Од Здружението „Борка” најавуваат дека на онлајн конференцијата ќе присуствуваат и министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпанска.