Италијанско државјанство минатата година добиле околу 127.000 странци, меѓу нив 21.841 албански емигранти. Според бројот на добиени италијански државјанства, албанските граѓани се на прво место меѓу странските заедници во Италија, по што следуваат оние од Мароко со 15.496, па од Бразил 10.660.
Според последниот официјален извештај на италијанските власти во оваа земја живеат 440.854 албански емигранти, бројка која од година во година се намалува како резултат на зголемениот број на Албанци кои се стекнуваат со право да добијат италијанско државјанство.
Официјалната италијанска статистика потвдува дека во изминатите единаесет години повеќе од 210.000 албански државјани добиле италијанско државјанство, што е околу 17 отсто од вкупниот број издадени државјанстава на странци.
Прозлегува дека од 100 албански емигранти кои живеат и работат во Италија, 38 добиле италијанско државјанство.
Држајанството главно го добиваат врз основа на поминати десет години во Италија со соодветна дозвола, како и врз основа на брак со италијански државјанин(ка).