Солидарност и поддршка за Франција по терористчкиот напад во Ница изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Министерството за надворешни работи на Грција, како и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.
-Длабоко шокиран од терористичкиот напад во Ница. Целосна солидарност за Франција. Обединети сме, напиша Мицотакис на „Твитер”.
Солидарност до францускиот народ и француската Влада изразија и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, како и Министерството за надворешни работи на Грција.
-Обединети сме против насилството и омразата, напиша меѓу другото Дендиас на неговиот „Твитер” профил.
Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас исто така изрази солидарност до францускиот народ.