На овогодишното издание на музичкиот фестивал Макфест, за победници беа прогласени Нокаут, со песната „Сакам да живеам“. Сега, момците објавија и видео запис за истата. За музиката на песната се погрижија Никола Перевски и Филип Неделковски, а како автор на текстот се потпишува Огнен Неделковски. Спотот, пак, е направен под режисерската палка на Јован Куциновски. Годинава се одржа 35-тото издание на Макфест, а со „Сакам да живеам“, Нокаут си заработија парична награда од 5.000 евра.