Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, вчера по спроведеното тајно гласање, и официјално ги објави добитниците на ова признание за 2020 година.
Добитници на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје, за 2020 година се:
Од областа на публицистиката
1.ТОНИ ДИМКОВ – новинар, уредник на „Културен печат“
-за професионална посветеност и публикување на настаните од уметничкиот и културниот живот во Скопје
Од областа на образованието и воспитанието
1.СЕРВЕТЕ ФИДА – учителка по албански јазик
-за долгогодишна успешна работа во воспитно образовната дејност
Од областа на културата
1.ЉУБОМИР ЧАДИКОВСКИ – поранешен директор на НУ Театар за деца и младинци-Скопје
-за значајни придобивки и успеси на Тетарот за деца и младинци – Скопје на сите полиња за време на неговото директорување
- 2. НИКОЛА АНГЕЛОВСКИ – артист,режисер,преведувач,сценарист,комедиограф
-за 60 години творештво во областа на театарот и филмот
Од областа на науката
- ПЕТАР НАМИЧЕВ – архитект, Професор на Универзитет Гоце Делчев Штип
-за Монографиите „Традиционалната куќа во скопскиот регион од 19 век“ – 2020 година и „Традиционалната архитектура во Скопска Црна Гора од 19 до ран 20-ти век“-2018 година
Од областа на уметноста
1.ДИМЕ ПОПОВСКИ – естраден уметник
-за особен придонес во музичката уметност
Од областа на хуманитарната активност
1.АНДРИЈАНА СЕРАФИМОВСКА, ТЕО ТАСЕВ, ТЕОДОРА ТРАЈКОВСКА, ФИЛИП ДИМИШКОВКИ и БОЈАН РИСТОВСКИ – деца волонтери кои им помагаат на децата заболени од малигни болести на хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести – Скопје
-за несебично вложување во интерес на здравјето на децата кои се борат со малигни болести
Од областа на здравствената заштита
- Тим на доктори кои ја извршија првата трансплантација на срце во РСМ
Проф.д-р Сашко Јовев, академик Жан Митрев, д-р Маја Мојсова, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Ванѓел Зравески, д-р Кјутим Џелили, д-р Тања Анѓушева, д-р Никола Христов, д-р Стефанија Хаџиевска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Марија Гераковска и д-р Димче Славевски
-за успешно извршена трансплантација на срце
- 2. д-р ЖАРКО КАРАЏОВСКИ – епидемиолог
-за заслуги во здравството
Од областа на спортот
- 1. ИЛИНА АРСОВА – планинар, алпинист
-за искачување на 7-те највисоки врвови на 7 континенти
Правни лица
ДРУШТВО НА ЛИКОВНИТЕ УМЕТНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА
-за 75 години заокружена творечка и континуирана работна целина
Ученици и студенти
- 1. МАТЕЈ МИЛОСИЕВСКИ – ученик во ПСУ „Јахја Кемал“
-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннставните активности
2.АНГЕЛА ПЕТРОВСКА -ученичка во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“
-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности
3.ВЕДРАНА ПЕТРОВА – ученичка во СУГС Гимназија „Јосип Броз-Тито“
-за континуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности
Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Градот Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот и физичка култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на градот Скопје и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот. Наградата може да се додели и на физички и правни лица од други држави кои оствариле посебен придонес за Градот. Исто така, Наградата се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или континуирани успешни постигнувања во наставните и во воннаставните активности што претставуваат посебен придонес за напредок и афирмација на Градот Скопје.
Тајното гласање го спроведе Комисијата што ја именува Одборот, во следниот состав: претседател Вангелина Мојаноска и членови: Лорета Георгиевска-Јаковлева, Газанфер Бајрам, Севдаиљ Демири, Халил Зендели, Бранко Цветкоски, Виолета Томовска, Петре Арсовски, Роландо Кутиров, Љубиша Станковиќ и Даница Стојанова.