– Властите во Филаделфија од синоќа воведоа полициски час, со цел да се спречат кражбите и насилството за време на протестите, кои избија откако полицијата уби еден Афроамериканец.
Како што е соопштено од кабинетот на градоначалникот на Филаделфија, полицискиот час стапи во сила вчера во 21 часот и трае до денеска наутро во шест часот.
Во Филаделфија од понеделникот се одржуваат протести откако полицијата со огнено оружје го уби 27-годишниот Афроамериканец Волтер Волас, кој се судрил со безбедносните сили и бил вооружен со нож.
Полицијата обвини одделни демонастранти дека ги искористиле протестите за кражба на продавници при судирот со полициските сили.
Во првиот ден од протестите биле уапсени 91 лице.