Приведен крадец од Тетово, ограбил 15 продавници

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (28.10.2020) околу 11.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец Ш.И., поради основано сомнение дека е извршител на петнаесеттина тешки кражби.

Притоа, тешките кражби во најголем број биле извршени во колонијални продавници, од почетокот на овој месец досега, претежно во Тетово и околните села Челопек, Радиовце, Милетино, Слатино и други.

Ш.И. е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

 

Треба да знаете
Последни објави