Рускиот претседател Владимир Путин го оцени денешното злосторство во Ница како цинично и сурово, а човечкиот морал апсолутно туѓ за терористите, велејќи дека Москва е подготвена тесно да соработува со другите земји во борбата против тероризмот. Тој ова го рече во пораката испратена до францускиот претседател Емануел Макрон, во која изрази сочувство до него и семејствата на жртвите од нападот во Ница. – Уште еднаш видовме дека терористите не ги делат човечките морални вредности. Јасно е дека борбата против меѓународниот тероризам бара конкретни чекори од меѓународната.