Нов претседател на Македонскиот олимписки комитет е Даниел Димевски, кој на челното место на МОК доаѓа како наследник на Васил Тупурковски, кој беше 28 години на оваа позиција.
Ваков е епилогот од вечерашното Изборно собрание во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, кое мина во тензична атмосфера и со предвремено заминување на десетина делегати од федерациите кои беа против изборот на Димевски.
Меѓу нив беше и претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова, која беше вториот кандидат за претседателската функција.
Од оние 32 кои останаа во салата, 30 гласаа за поранешниот прв човек на Македонската кошаркарска федерација Димевски.