Уредбите кои се со законска сила донесени во вонредната состојба, измената на законите, односно вчера донесените измени на Законот за заштита на населението од заразни болести, одлуките на Владата кои се донесоа по препорака на Комисијата за заразни болести во целокупниот изминат период се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните како врвен приоритет без при тоа да калкулираме со каква била друга протекција во однос на економските или некои други социјални аспекти во државата.
Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче по седницата на Советот за безбедност.
Во таа смисла, посочи, не се потребни засега никакви други ниту законски измени, ниту пак нешто друго што би ни овозможило како дополнителен инструмент, воведување на некои дополнителни мерки со цел заштита на здравјето на граѓаните.
– Овој пакет мерки, кој сега е на сила е пакет мерки кој се користи во сите европски земји, додаде Филипче.