Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно”, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 и за мерките и активностите на надлежните институции.
На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствува и министерот за здравство Венко Филипче.