Сијарто: За Унгарија е стратешка цел членството на Западен Балкан во ЕУ

Унгарија смета дека европската интеграција на Западен Балкан е нејзин стратешки интерес, изјави денеска министерот за надворешни работи на таа земја, Питер Сијарто.

– Мирот и напредокот на Западен Балкан се во интерес на Унгарија. Ако се случи спротивното, тоа е лошо за Унгарија. Што и да се случи во регионот, ќе има непосредно влијание врз Унгарија, рече Сијарто по средбата со косовската министерка за надворешни работи Мелиза Харадинај Стубла.

Сијарто додаде дека Унгарија ќе го испрати својот трет по големина контингент во мисијата КФОР на Косово и додаде дека командант од Унгарија ќе биде шеф на таа мисија од ноември следната година.

Треба да знаете
Последни објави