Софијанова: „Брзите тестови се сензитивни, но ќе ни завршат работа“

Аспазија Софијанова, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 даде свој став и за најавените брзи тестови кои треба да стигнат во Македонија во текот на идната недела.

Софијанова смета дека ќе завршат работа.

„Постојат овие тестови за брза дијагностика, но се многу сензитивни. Сепак, ќе ни завршат работа. Тие ќе покажат ако има нешто, и потоа ако се позитивни се испитува понатаму“, рече Софијанова.

Таа како пример ја истакна Канада каде што при секое влегување во болница, треба да се поминат тие брзи тестови.

„Ако покажат позитивен тест, тогаш си има протоколи што понатаму“, рече Софијанова.

 

Треба да знаете
Последни објави