Христијан Мицкоски продолжува со лицемерно однесување. Скриен позади неговите партиски портпароли, во прескапата Бела Палата, Мицкоски повторно пробува да маневрира и да го избегнува повикот на јавна ТВ-дебата пред македонскиот народ со Претседателот на Обединети за Македонија – Љубе Бошкоски.
Го разбираме стравот поради недостиг на факти, па затоа да го потсетиме дека во периодот меѓу 2017 и 2019 година имаме 741 милиони евра странски директни инвестиции.
Ова е рекорд на странски инвестиции во Македонија, споредбено во периодот од 2013 до 2015, каде имаше 457 милиони евра, а во периодот 2015 – 2017, 555 милиони евра странски директни инвестиции.
Според Светската трговска организација, учеството на странски инвестиции во бруто-домашниот производ во 2018 е 5,8%, за разлика од 2012 година, каде е 1,5%.
Ако толку го интересира господинот Мицкоски кои фирми се донесени во периодот додека Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски е советник, нека ја прифати фрлената ракавица, нека се охрабри и појави на ТВ-дебата, а не да се крие позади партиски портпароли и да се служи со ниски препукувања.