Кристијан Ериксен луто се обрати на новинарите, кога го прашаа зошто не игра повеќе во тимот на Интер.
„Зошто мене ме прашувате? Прашајте го тренерот. Викнете го и разговарајте“, рече Ериксен.
Ериксен истакна дека во фудбалот постојат и падови, но дека не размислува многу за критиките упатени кон него.
„Во фудбалот секогаш постојат искачувања и падови, само неколку играчи се секогаш на врвот. По доаѓањето во Италија станав подобар по бројот на критики. Но, не размислувам за нив, затоа што секој има право на мислење“, рече Еркисен.