Инстаграм вчера вовоеде промени на својата платформа за американските корисници со цел да се спречи ширење на лажни вести за време на претседателските избори на 3 ноември.
Од вчера на Инстаграм за американските корисници привремено е укината опцијата за обележување и пребарување на содржини со ознака (хаштаг) „неодамна”.
– Тоа го правиме за да ги редуцираме потенцијално штетните содржини во реално време, што би можеле да се појават за време на изборите, се наведува во соопштението на Инстаграм.
Со „неодамна” на Инстаграм се уредуваат ознаките по хронолошки ред и ги засилува содржините, што може да доведе до брзо ширење на лажни информации.
Претходно, Твитер најави дека ќе ги отстранува твитовите кои повикуваат на попречување на американскиот изборен процес или објавувањето на изборни резултати, вклучително и повиците нанасилство.