Белгиските власти одлучија да ја затворат земјата поради катастрофалната епидемиолошка состојба, јавуваат локалните медиуми.
Иако обраќањето на премиерот на Белгија е закажано за во 19 часот, РТБФ јави дека на денешната средба на премиерот со претставниците на федералните и ентитетските органи е донесена одлука за затворање на државата, по примерот на Франција, почнувајќи од 1 ноември и ќе трае најмалку еден месец.
Од 1 ноември, според медиумот, сите невитални продавници во Белгија се затвораат, забранети се посети на домови, како и сите заминувања од домови, освен во случај на купување, посебна потреба или на работа.
Надворешните граници на Белгија исто така се затвораат за сите патувања, освен оние што се неопходни и се најавуваат засилени полициски проверки. Сите барови и кафулиња во земјава се веќе затворени во октомври, маските се задолжителни насекаде во јавниот простор, а полицискиот час е во сила од 22 до 6 часот наутро.
Забрането е собирање повеќе од четири лица, а сите спортски и културни објекти се затворени.
Во последните две недели, Белгија бележи најголем број на заразени луѓе на 100 илјади жители во Европа и втора највисока стапка на смртност во светот.