Заев, Филипче баталете ПР…
Овде се работи за животите на луѓето. Македонија денес руши рекорди со црни биланси. 934 новозаразени, 420 заразени во Скопје.
Велите дека е под контрола, а ништо не е под контрола, велите дека превземате мерки, а ништо конкретно не се работи. Велите дека го заштитувате населението, а хронично болните и утре ги терате на работа и ги ставате под ризик нивните животи, велите дека се грижите за здравствените работници, а не им обезбедувате макар бесплатни тестови за #COVID, велите дека има услови за избори во Штип, а со сила креирате корона кластери.
Секој ден покажувате дека со оваа неспособна Влада дното одново се пробива, уште подлабоко. Ваквата неспособност не е повеќе за лутење, за жалење е.