Во Велика Британија околу 52.000 нови случаи се регистрирани речиси секој ден оваа недела.
Тоа е големо зголемување во споредба со претходната недела, кога дневниот пораст на бројот на пациенти беше околу 35.000, според податоците објавени од Националното биро за статистика (ОНС).
Истражувањето на ОНС за епидемијата проценува дека 568.100 луѓе имале Ковид-19 помеѓу 17 и 23 октомври, што е повеќе од 433.300 претходната недела, пренесува „Ројтерс“.
Се проценува дека оваа недела еден од 100 луѓе во Англија добиле Ковид-19, додека минатата недела тој однос бил 1 спрема 130.