Безживотните тела на двајца средношколци, момче и девојче беа извлечени попладнево од урнатините, по силниот земјотрес на грчкиот остров Самос, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Информацијата ја потврди министерката за образование на Грција Ники Керамеос, која преку „Твитер” изрази сочувство и жалење за трагичната смрт на учениците.
Напиша дека врз децата се урнал ѕид додека се враќале дома
Според медиумите во Грција, децата се на возраст од 15 и 17 години и ѕидот се урнал додека поминувале низ тесна уличка, на враќале од училиште.
Во земјотресот, полесно се повредени осум лица, а дополнително ќе се проценува материјалната штета.
Околу три и пол часа по земјотресот од 6.7 степени, на островот Самос беше регистриран уште еден силен земјотрес од 5 степени според Рихтер.