Во Србија во последите 24 часа починаа пет лица како последица од коронавирусот, а евидентирани се уште 1.545 заразени. Тестирани биле 11.004 лица. На респиратори се 47 пациенти.
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ за РТС денеска изјави дека бројот на пациенти ќе продолжи да се зголемува.