Во Хрватска во последните 24 часа се забележани 2.772 нови случаи на заразени со коронавирус, 20 лица починале, а бројот на хоспитализирани надминал 1.000, извести Националниот штаб за цивилна заштита.
Бројот на новозаразени втор ден по ред е поголем од 2.700, во четврток се забележани 2.776 нови случаи.
Бројот на активни случаи во Хрватска моментално е 15.106, а меѓу нив 1.027 пациенти се на болничко лекување, што е најголем број на хоспитализирани од почетокот на епидемијата.
На респиратори се 74 пациенти.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на заразен во Хрватска, забележани се 46.547 лица заразени со коронавирус, од кои 531 починале. Вкупно се излекувале 30.910 лица, од тоа 1677 во последните 24 часа.
Во самоизолација моментално се 29.098 лица.