Детали за околностите под кои почина 35-годишниот пациент

Од Министерство за здравство за Канал5 изјавија дека 35-годишниот скопјанец кој вчера почина од коронавирусот немал никакви други хронични заболувања.

Како што пренесуваат, тој починал на инфективната клиника, откако една недела имал главоболка, омалаксаност и покачена температура.

Извори за Канал5 изјавија дека тој бил лекуван од страна на матичниот лекар, а потоа на 26 октомври бил примен во Инфективна клиника, каде настанало нагло влошување на состојбата.

Треба да знаете
Последни објави