Националното здружение за помош и поддршка на лица со мултипла склероза денеска преку соопштение реагира на одлуката за адаптација на Клиниката за неврологија како Ковид центар каде ќе се примаат и сместуваат пациенти со Ковид-19 и бара таа да се преиспита и да се донесе поприфатливо решение.
Од Здружението посочуваат дека пациентите со мултипла склероза како невролошо заболување, спаѓаат во пациенти со висок ризик, а тие со високоактивна мултипла склероза својата имуносупресивна терапија ја примаат токму во просториите, каде би биле сместени пациентите со Ковид-19.
-До неодамна пациентите со мултипла склероза беа опфатени со мерките донесени од страна на Владата и ослободени од работни обврски како високоризични лица, за со вакво решение да се доведат во директна опасност и да се хоспитализираат во истите простории со заболените од Ковид-19. Бараме да се преиспите ваквата одлука и да се донесете поприфатливо решение со цел оваа група на високоризични пациенти да не биде доведувана во опасност, со оглед на тоа дека се работи за лица со хронично заболување од кои повеќето се приматели на имуносупресивна терапија, додаваат од Здружението.