Вчера во Службениот весник на РСМ, вчера се објавија измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, со што и официјално од вчера вечерта стапија на сила и законските измени со кои сите инспекциски служби добиваат нови поголеми овластувања при постапување со прекршителите на здравстевните протоколи.
Конкретно, вчеравечер (30.10.2020) инспекциските служби постапуваа според новите овластувања. При тоа од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државата се извршени вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените протоколи.
При спроведените контроли во Гостивар ( 2 надзори и 50 контроли) во угостителски објект кој се наоѓа во ТЦ Јавор, констатирано е прекршување на новите одредби од изменетиот Закон за заштита на здравјето на населението од заразни болести, за што ќе се преземат соодветни мерки. Не е затекнато прекршување на работното време кај контролираните објекти. Во истиот момент кога се констатирани прекршувањата, ДПИ на лице место го затвори објектот, а изречена е и парична казна.
Најмногу контроли и надзори се спорведени во Скопје, односно 213 контолри и 12 надзори, при што не се констатирани прекршувања на здравствените протоколи, потоа во Битола ( 9 надзори и 131 контроли), Штип (3 надзори и 83 контроли), Кавадарци (3 надзори и 63 контроли), Струмица (2 надзори и 50 контроли), останатите контроли и надзори се во Тетово, Охрид, Куманово, Битола, Струга.
Инаку, според новите измени и дополнувања на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен. Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице. Со ова сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна.