Московски болници примиле лажни дојави за поставени бомби

Болници и породилиштата во Москва добиле дојави за подметнати кои се покажале како лажни, изјави извор од службата за итни случаи.

– Извршивме целосен преглед на објектите. Не беа пронајдени експлозивни направи или супстанции за време на прегледот на болниците и родилиштата во главниот град. Се покажа дека дојавите за бомбите биле лажни, рече изворот, додавајќи дека луѓето не биле евакуирани од зградите.

Анонимни закани со бомби стигнаа до сите болници и породилишта низ Москва.

Службата за итни случаи извршила претрес во сите згради.

Треба да знаете
Последни објави