Средба на Кривокапиќ со лидерите на парламентарното мнозинство заради формирање на владата во Црна Гора

Со едноминутно молчење поради смртта на митрополитот Амфилохије почна средбата на мандатарот Здравко Кривокапиќ со претставниците на коалицијата За иднината на Црна Гора, Мирот е наша нација и Црно на бело, закажана заради конечно формирање на нова влада.

На состанокот присуствуваат Андрија Мандиќ, Небојша Медојевиќ, Милан Кнежевиќ, Владимир Јоковиќ, Миодраг Лекиќ, Дритан Абазовиќ и Момо Копривица.

МИНА објави дека тема на денешниот состанок е конечното формирање на новата влада на Црна Гора, а „Побједа” дека разговорите се водат зад затворени врати.

Поделбата на ресорите и персоналните решенија на чело на идните министерства на Владата на Црна Гора се причина за спорот меѓу новото мнозинство и мандатарот Здравко Кривокапиќ.

Претходно, во интервју за „Дан” американската амбасадорка во Подгорица Џуди Рајсинг Рајнке изјави дека САД го поттикнуваат мандатарот владата, особено најчувствителните ресори, да ги формира со кадар кој ги цени западните вредности и НАТО.

Треба да знаете
Последни објави