На 29.10.2020во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје,на крстосницатаод ул.„Бутелска“и ул.„Љуботенски пат“се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „ауди А4“, управуван од Д.Д.(37) од Скопје, мотоцикл „пијаџо беверли“, управуван од А.П.(33) од Скопје, автомобил „фиат брава“ управуван од Д.Ц.(31) од Скопје и автомобил „рено клио“, што го управувал Љ.В.(65) од Скопје.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.