Македонско-чешкиот краток игран филм „И(с)згубени” на охридскиот режисер Антонио Вељаноски е номиниран за најдобра главна улога и најдобар филм во категоријата на Меѓународниот филмски фестивал „Сохо”, што се одржува во Њујорк, САД.
„И(с)згубени” е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.
Главните улоги ги толкуваат Јан Качер и Марие Дурнова, ко-сценарист на филмот е Алице Крајчирова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски – Летра.
Филмот досега има свои проекции на десеттина домашни, како и престижни филмски фестивали во Ирска, Јапонија, Велика Британија и САД.